mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Во август сме имале просечни температури и натпросечни врнежи

Во август сме имале просечни температури и натпросечни врнежи

Типографија

Температурите на воздухот во август биле во рамки на просечните за овој период, но количините на дожд во некои места се до три пати поголеми од просечните. На 8 август гдинава се измерени и историските вредности на дневниот максимум на врнежи на мерното место Скопје-Зајчев Рид од 93 милиметри на кубен метар, соопшти УХМР.

Податоците на УХМР покажуваат дека средно месечните температури на воздухот во текот на август во Македонија се движеа од 16,2 степени во Лазарополе до 26,1 во Гевгелија. Од другите градови, 17,1 бил во Маврово, 18,6 во Берово, 20,1 во Крива Паланка, 20,9 во Охрид, 21,7 во Битола, 21,9 во Прилеп, 23,1 во Скопје, 23,7 во Штип, 24,2 во Струмица и 24,5 во Демир Капија.

Средно месечните максимални температури и средно месечните минимални температури се во рамките на просечните многугодишни вредности.

Апсолутно максималните температури измерени на целата територија во државата, според УХМР, не ги надминаа досегашните апсолутни вредности на максималните температури за август. Така, во Демир Капија е измерена апсолутна максимална температура од 38,4 степени, во Гевгелија 37,2, Штип 37,4, Скопје 36,6, Струмица 36,5, Прилеп 34,8, Битола 34,7, Крива Паланка 34,0, Охрид 33,2, Берово 31,2, Маврово 30,5 и Лазарополе 29,4.

Измерената месечна сума на врнежи во август 2016 изнесува од 13 милиметри во Штип до 97 милиметри во Скопје, и тоа 9 милиметри во Струмица, 20 милиметри во Прилеп, 30 милиметри во Берово, 32 милиметри во Гевгелија, 43 милиметри во Охрид, 49 милиметри во Лазарополе, 56 милиметри во Битола, 67 милиметри во Демир Капија, 68 милиметри во Крива Паланка и 88 милиметри во Маврово. Измерените месечни количества на врнежи во Скопје и во Демир Капија се три пати повисоки од просекот за овој месец, во Маврово, Битола и Охрид два пати, а во Берово, Штип и во Струмица се под просекот на врнежи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија