mksqen
17
Пет, Сеп
0 Нови / 7 дена

Пехчево: Равна Река ќе има струја за еден месец

Типографија

Електрификацијата на туристичката населба Равна Река кај Пехчево ќе заврши до крајот на септември, а во моментов граѓаните кои имаат викенд куќи или планираат да градат на овој локалитет поднесуваат барања до ЕВН КЕЦ Делчево за приклучување на објектите на електричната мрежа, соопштија општинските власти.

Туристичката населба Равна Река е на 10 километри од Пехчево во предел богат со густа шума и покрај водопадите на изворите на Бергалница, а со самата електрификација од општината очекуваат дека ќе се зголеми атрактивноста на локалитетот.

  • На Равна Река досега има изградено 50-на објекти, а според ДУП овде е планирана изградба на 350 викенд куќи, хотели и ресторани. Интересот за купување плацеви во Равна Река е голем. Очекуваме со електрификацијата уште повеќе да се зголеми и да се подобри атрактивноста на населбата - истакна Живко Каликов од општината Пехчево.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија