mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Палењето стрништа предизвикаа 16 пожари во Гевгелија, Богданци и во Дојран

Палењето стрништа предизвикаа 16 пожари во Гевгелија, Богданци и во Дојран

Типографија

Во првата половина од овој месец во општината Гевгелија и соседните општини Богданци и Дојран биле регистрирани 16 пожари на отворено, предизвикани од палење стрништа и покрај забраната и високите парични казни кои се предвидуваат за прекршителите.

Ова го соопштија денеска од територијалната противпожарна единица од Гевгелија која дејствува на територијата на споменативе три општини.

  • Сите пожари, по дојавата, беа на време локализирани и беше спречено нивно проширување на поголеми површини, што секако е наша цел и приоритет при дејствувањето, меѓутоа за нас е забележливо дека сите пожари се предизвикани од палење на стрништа, меѓи или други земјоделски површини и покрај тоа што на време апелиравме на внимателност - рече Драги Делев, командир на ТППЕ Гевгелија.

Поради ваквото несовесно однесување на поединци, гевгелискиот градоначалник Иван Франгов, денеска побара засилување на казнената политика и поднесување кривични пријави против сите лица кои без да водат сметка за последиците, потпалуваат сува трева и стрништа.

Без оглед на тоа што сите пожари се изгаснати, сепак причинети се големи материјални штети и трошоци на ТППЕ Гевгелија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија