mksqen
17
Пет, Сеп
0 Нови / 7 дена

Се обновува парк во центарот на Тетово

Се обновува парк во центарот на Тетово

Типографија

Локалната власт во Тетово почна со активностите за обнова на паркот во близина на спортскиот центар во градот познат како „Жена парк“.

Вкупната вредност на проектот, според надлежните, е нешто над десет милиони денари, од кои седум милиони се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а три милиони од самата општина.

Според најавите, во паркот ќе биде засаден дрворед што ќе го одделува од улицата, ќе бидат поставени нови клупи и урбана опрема односно пешачки патеки, осветлување а планираме да има и обезбедување што ќе овозможуи паркот да биде користен и дење и ноќе.

Од општината Тетово велат дека целосната реконструкција на паркот ќе биде завршена до крајот на следниот месец.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија