mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Инвеститорот ветува безбедни технологии во рудникот во Казандол

Инвеститорот ветува безбедни технологии во рудникот во Казандол

Типографија

Компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, утре почнува со изградба на својот рударски комплекс во Казандол, Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е англиска и е проценета на 35 милиони евра, а во првите седум години се очекуваат приходи од близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно.

На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација. Капацитетот на рудникот е 4.000 тони катоден бакар. Ќе биде вградена современа технологија од Фински „Аутотек“ која нема да има негативно влијание на животната средина.

Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат ангажирани директно 100 лица, а индиректно во целиот комплeкс ќе бидат ангажирани 250 лица.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија