mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Во август имало 12 пожари на отворено во кочанско

Во август имало 12 пожари на отворено во кочанско

Типографија

Кочанската територијална противпожарна единица од почетокот на август регистрирала 12 пожари на отворено.

Од нив четири се во општината Чешиново Облешево за запалени стрништа и остатоци од житни култури по жетвата на пченицата и јачменот.

  • Четирите пожари на кои интервениравме во општина Чешиново Облешево зафатија површина од 36 ха. И покрај интеревенцијата која ја имавме со одговорните од општината, земјоделците несовесно и неодговорно ги палат стрништата и остатоците од нивите, за наскоро на истите површини да засадат други земјоделски култури - изјави Дејанчо Арсов, командир на Кочанската територијална противпожарна единица.

Тој информираше дека од почетокот на годината најголем број пожари се регистрирани во месец јули кога избувнале 30 пожари во кои била зафатена површина од 31 хектари и била направена голема материјална штета.

  • Ако досега нашиот најголем ангажман беше насочен на територијата на ридско-планинскиот регион во општината, особено во селата од Осоговијата за спречување пожари, нашето внимание сега ќе го насочиме целосно на полскиот дел од регионот - истакнува Арсов.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија