mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Мерни станици за воздухот во Пробиштип

Мерни станици за воздухот во Пробиштип

Типографија

Две мерни станици што нон-стоп ќе го мерат квалитетот на воздухот се поставени во Пробиштип, а првичните резултати покажале дека присуството на ПМ10 честички е за стопати помало од дозволеното, изјавил градоначалникот Тони Тоневски. Сепак, тој додал дека резултатите зависат од временските услови.

Мерните станици ги побараа граѓаните пред една година, кога се најави изградба на леарница за железо во градот. Ова е планирано во индустриската зона Неокази, а инвеститор е компанијата Кранфилд Фаундри. Екологистите се спротивставуваа на изградбата на леарницата, односно како што ја нарекуваа, топилница за железо, а кај граѓаните се зголеми загриженоста за последиците од овој проект врз животната средина. Од општината најавиле дека ќе ја ангажираат акредитираната лабораторија од Рударско-геолошкиот факултет во Штип, за да врши испитувања не само на воздухот, туку и на почвата и на водите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија