mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Статусот на Охрид загрозен, почнува кампања за спас

Статусот на Охрид загрозен, почнува кампања за спас

Типографија

Охрид е на само чекор од губењето на статусот на заштитено подрачје, откако на седницата на Комитетот на УНЕСКО одржана во Истанбул, турција, било посочено дека регионот се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја.

Ова го предупреди Александра Бујаровска од еколошкото движење „Фронт 21/42“, промовирајќи ја новата кампања со мотото „Едно е, вредно е“, чија цел е зачувување на охридскиот регион како единствено подрачје под заштита на УНЕСКО.

Како што рече Бујаровска, особено проблематично било што токму во пресрет на донесувањето на одлуката на УНЕСКО, во завршна фаза се измените на планот за планината Галичица, што подразбира изградба на експресен пат, ски-центар и три туристички зони, меѓу кои и таа на Субрата Рој.

  • Токму за тие проекти се дадени најмногу забелешки, дека ќе ја нарушат визуелноста, тој драматичен пад на Галичица кон езерото, поради што е прогласена за природно наследство на УНЕСКО, а ние си продолжуваме со спроведување на овие проекти - нагласи Бујаровска.

Таа додаде дека Македонија има рок до февруари да ги отстрани забелешките од Комитетот на УНЕСКО. Кампањата „Едно е, вредно е“ ќе биде насочена кон запознавање на луѓето што се` се планира на Галичица, и колку тоа ќе не` чини. Подготвени се десет илјади картички, кои со потписи од граѓани ќе бидат испратени до пратениците во Собранието, со барање да се прогласи мораториум на проектите на Галичица.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија