mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Пехчево и Делчево со заеднички проект за енергетски ефикасни општини

Пехчево и Делчево со заеднички проект за енергетски ефикасни општини

Типографија

Делчево и Пехчево заедно ќе работат на кампања за енергетски ефикасни општини во рамки на проектот поддржан од ЕУ „Кампања за енергетска ефикасност на објекти во микрорегионот Пијанец- Малеш“.

На првата работилница која се одржа во Делчево беше направена анализа на досегашнте програми за енергетска ефикасност и нивната реализација.

Тони Стоименовски од Регионалнот центар за застапување од Делчево потенцираше дека на работилницата се присутни сите претставници од локалните институции, невладините и општините со цел да се направи сеофатна анализа на оваа проблематика.

  • На оваа работилница ќе направиме анализа на исполнетоста на програмите за енергетска ефикасност со претставници од локалните институции, за да видиме колку се имплементирани тие проекти и во делот на јавниот сектор и  јавното осветлување, односно колкав процент мерки се преземени - рече Стоименовски.

Тој истакна дека целта на овој проект е да се потенцира предноста на енергетската ефикасност.

За потребите на проектот е изработена и анкета на илјада испитаници за примена на мерките за енергетска ефикасност во приватниот сектор, а наредниот месец ќе се одржу иформативен ден во Делчево за придобивките на енергетската ефикасност. Проектот го спроведуваат НВО Регонален центар за застапување од Делчево и Амброзија од Пехчево, со поддршка на Милеуконтакт Македонија, Коцка и Фронт.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија