mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Спас за Валандово бара референдум за отварањето на рударски комплекс во општината

Спас за Валандово бара референдум за отварањето на рударски комплекс во општината

Типографија

Иницијативата „Спас за Валандово“ бара јавна седница со присуство на граѓаните во соодветен простор и време и единствена точка на дневен ред распишување на референдум преку кој ќе се овозможи луѓето да го искажат своето мислење.

  • Според информациите што ги добивме закажана е седница на која јавноста и иницијативата „Спас за Валандово“ се исклучени од седницата, а инвеститорот ќе биде присутен - велат од Иницијативата „Спас за Валандово“.

Исто така, додаваат од таму, барањето за референдум воопшто не е поставено на дневен ред на седницата закажана за четврток.

  • Бараме поддршка од сите советници и да не дозволиме јавноста и овојпат да биде изманипулирана. Не смееме да дозволиме мала група на луѓе да одлучуваат за нашата и иднината на нашите деца. Најавуваме радикализација на отпорот доколку ниту едно од овие наши барања не се исполни - додаваат од Иницијативата „Спас за Валандово“.

Од таму велат дека нивни активисти ги посетиле советниците на Општина Валандово , а со цел детално презентирање на досегашните активности и образложување на барањата. 

  • Согласни бевме со повеќето од советниците дека станува збор за прашање од заеднички општ интерес. Прашање кое ги надминува апсолутно сите поделби по било која основа, пред се политичка, верска, национална. Проблем со кој што се соочува целиот Југоисточен регион, а и прашање кое деновиве ги заинтригира и сите граѓани на Македонија. Од друга перспектива, сведоци сме на тоа колку погрешните политики можат да бидат штетни по населението, особено по малите места. Ние сметаме дека отварањето на рударски комплекс ќе биде погубно за иднината на општина Валандово. Референдумското прашање за или против рударски комплекс, според нас е прашање да се биде или не за Валандово.Имајќи го тоа во предвид , свесни сме за одговорноста која се исправува пред секој од нас - велат од „Спас за Валандово“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија