mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Гевгелија на референдум гласа за или против изградба на рудник на Кожуф

Гевгелија на референдум гласа за или против изградба на рудник на Кожуф

Типографија

Во општина Гевгелија денеска беа отворени сите 37 избирачки места на кои граѓаните ќе се изјаснуваат по референдумското прашање дали се „за“ или „против“ отворање рудници за злато на планината Кожуф.

  • Референдумското изјаснување почна уште вчера кога гласаа затворениците, болните и старите и изнемоштени лица. Процесот се одвива беспрекорно без никакви проблеми. Во гласачкиот список се запишани 19.459 граѓани со право на глас кои треба да се изјаснат во текот на денот, најдоцна до 19 часот - изјави Гордана Поп-Кочева, претседател на ОИК Гевгелија.

За да биде успешен реферндумот, Поп-Кочева појасни дека на гласање треба да излезат најмалку 50 отсто плус еден од запишаните граѓани во гласачкиот список и дека првичните резултати ќе бидат познати по 20 часот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија