mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Во Гевгелија референдум за отворањето на рудници за злато

Во Гевгелија референдум за отворањето на рудници за злато

Типографија

Референдумот во општина Гевгелија на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат по прашањето „Дали сте „за“ или „против“ отворање на рудници за металични минерални суровини на територијата на општина Гевгелија“ ќе се спроведе на 23 април.

Овој датум го утврди Државната изборна комисија, а беше едногласно прифатен и од членовите на Советот на општина Гевгелија. Тие го потврдија својот став од претходната седница дека на планината Кожуф не постојат никакви услови за отворање рудници за злато и побараа граѓаните на општина Гевгелија масовно да излезат на референдумот и со својот глас „против“ да го заштитат пред се здравјето на идните поколенија и природните убавини на Кожуф.

Потребните списоци и гласачки ливчиња ќе ги подготви Општинската изборна комисија, а беше договорено да бидат изработени големи билборди, флаери и плакати.

Покрај ова, беше одлучено градоначалникот Иван Франгов и советниците уште од денеска да ја почнат кампањата за информирање на жителите на општината со цел референдумот за спас на Гевгелија да биде успешен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија