mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Два пожари во липковско, екипи на ТППЕ и на Македонски шуми на терен

Два пожари во липковско, екипи на ТППЕ и на Македонски шуми на терен

Типографија

Екипи на кумановската подружница на „Македонски шуми“ и екипа од Територијалната противпожарна единица од изутрината на терен се обидуваат да го локализираат пожарот во месност меѓу липковските села Отља и Стрима.

Директорот на кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“, Ваит Саити информира дека нивна екипа од 35 луѓе теренски се обидува да го локализира пожарот. Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, пак, информира дека на местото на пожарот испратиле едно возило и нивна екипа.

  • Со возило ќе гасиме до одредени места, но сепак мора да се потенцира дека станува збор за непристапен терен - изјави Илиевски и додаде дека гори нискостеблеста шума и растенија.

Раководителот на подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување, Драган Димковиќ информираше дека и тие испратиле своја екипа да изврши увид на тој пожар. Во меѓувреме, од кумановската подружница на „Македонски шуми“ информираат дека гори нискостеблеста шума кај Белановце. Саити додаде дека имаат екипа која работи на локализирање на пожарот.

Дел од вчерашниот пожар од Скопска Црна Гора делумно се проширил и на територија на Липково, но таму интервенираат екипи од Скопје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија