mksqen
17
Пет, Сеп
0 Нови / 7 дена

АХВ: Засилени контролите на месото од Бразил, нема основа за забрана за увоз

АХВ: Засилени контролите на месото од Бразил, нема основа за забрана за увоз

Типографија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили инспекциските контроли за безбедност и квалитет на увозните пратки со месо кои потекнуваат од Бразил поради аферата за наводен поткуп на официјални ветеринарни власти и издавање дозволи за извоз на небезбедно месо.

Според АХВ, засилени се и контролите во внатрешниот промет за секоја пратка со потекло од оваа земја, особено за месото кое се користи како суровина во преработувачките капацитети.

  • Бидејќи истрагата во Бразил се уште е во тек, но и поради фактот што Европската унија чија политика во областа на безбедноста на храна ја следи и Република Македонија официјално нема донесено забрана за увоз на месо со потекло од оваа земја, засега нема основа за воведување забрана за увоз на месо од Бразил - наведуваат од АХВ.

ЕУ, додава Агенцијата, наскоро ќе испрати свои експерти во Бразил кои ќе извршат контрола и ќе ја оценат состојбата во месниот сектор, а потоа, по нивната проценка ќе постапи и Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија