mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Царина: Ниту еден контејнер опасен отпад од Италија не стигнал во Македонија

Царина: Ниту еден контејнер опасен отпад од Италија не стигнал во Македонија

Типографија

Ниту еден контејнер со опасен отпад не е извезен од Италија и ниту една содржана тарифна ознака не се однесува на отпад, за кој при увоз, извоз и транзит постои посебен режим, информира Царинската управа на Република Македонија.

Од Царината потсетуваат дека согласно Законот за управување со отпад, Законот за управување со пакување и отпад од пакување и Правилникот за извоз, увоз и транзит на отпад, Министертвото за животна средина и просторно планирање задолжително издава дозволи за увоз, извоз или транзит на отпадни материи.

Стоките кои се увезени во Македонија, како што се наведува, се замрзнато пилешко месо, банани, моторцикли, детски играчки, износена облека, ќебиња, јакни работни синтетички, регистратори, сардини во масло, оксиди на бакар и овча кожа.

  • Царинската управа на Република Македонија на дневна основа во реално време преку систем SEED разменува податоци со Царинската управа на Република Албанија при што се врши спарување на податоците за она што излегува од едната, а влегува во другата земја, на кој начин се обезбедува совпаѓање на податоците, односно се превенира шверц, недозволена трговија и корупција - се вели во соопштението од Царинската управа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија