mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Топло до недела, од понеделник пониски температури за 10 степени

Топло до недела, од понеделник пониски температури за 10 степени

Типографија

Топло време за овој период од годината со температури над 20 степени ќе се задржи уште денес, а за време на викендот ќе има опаѓање.

Метеоролозите најавуваат за денес температура до 26 степени, а за викеднот во сабота до 23 и во недела до 21 степен.

Позначителна промена на временската состојба се очекува од почетокот на наредната недела кога температурите ќе се спуштат за 10 степени. Од северозапад ќе наиде релативно влажен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата и промена на временската состојба. Ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег.

Во понеделник температурата ќе се движи од 7 до 11 степени, а во вторник од 9 до 13 степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија