mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Проектот за еколошко новинарство претставен во Тетово

Проектот за еколошко новинарство претставен во Тетово

Типографија

Проектот за развој на еколошкото истражувачко новинарство што го спроведува Центарот за еколошка демократија Флорозон во соработка со организацијата Сумнал, а со поддршка од Европската унија, денеска беше претставен во Тетово.

Претставници и соработници на Флорозон, како и претставници на локалните невладини еколошки организации, учествуваа на дебата во телевизијата Кис, каде што го претставија проектот и укажаа на потребите од развој на еколошкото истражувачко новинарство.

  • Потребно е проактивно, а не само реактивно новинарство. Да се известува постојано, а не само кога има некои вонредни девијации на состојбите со животната средина. За тоа треба да се воспостави партнерство меѓу медиумите и граѓанските организации и токму тоа е целта на проектот - нагласи Кирил Ристовски, претседателот на Флорозон.

Граѓаните на Тетово можеа да се запознаат со проектот и со начините како тие би можеле да се вклучат во него и преку промотивните флаери што ги делеше организацијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија