mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Кавадарци ќе субвенционира подобрување на енергетската ефикасност во станбени згради

Кавадарци ќе субвенционира подобрување на енергетската ефикасност во станбени згради

Типографија

Општина Кавадарци објави јавен повик за прибирање барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во општината.

  • Проектот опфаќа поддршка во поставување на термоизолациски фасади и покривни конструкции на станбените згради за колективно домување во насока на подобрување на животниот стандард на семејствата со ниски примања кои живеат во згради за колективно домување, како и за подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергијата - нагласуваат од општината.

Оттаму појаснуваат дека средствата во висина од 25 отсто од вкупниот износ за секоја одобрена апликација, ќе бидат доделени во форма на субвенција од страна на општината. Средствата за овој повик за сите апликации, изнесуваат еден милион денари и ќе се обезбедат од буџетот на општина Кавадарци.

Проектот е во соработка со Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, кое работи во склоп на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, при што на станарите од избраните згради им се нудат поволни кредити на седум годишна исплата, со 5 отсто камата. Субвенцијата од општината се доделува во форма на грант директно на Хабитат.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија