mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Нов дрворед на улицата Киро Крстев во Кавадарци

Нов дрворед на улицата Киро Крстев во Кавадарци

Типографија

На улицата Киро Крстев во Кавадарци, локланото Јавно претпријатие „Комуналец” посади нови 20 садници јавор.

  • Ова всушност значи обновување на уништените млади дрвца со нови и посилни високи стебла, за кои сметаме дека ќе ги издржат налетите на насилниците. Посадивме и млади стебла јавор на спротивната улица „Браќа Џунови”, од другата страна на реката Луда Мара. Кога говориме за оваа еколошка тема, треба да кажеме  дека веќе од утре и наредните денови, ќе се продолжи со садење нови дрвореди на улиците „Тиквешко востание“ и „Страшо Пинџур“. Во план е да се посадат нови седумдесетина млади садници со стопроцентна можност за зафаќање - информираше Ѓорѓи Поп Ицев, раководител на Организационата единица „Хигиена и зеленило“ во Јавното претпријатие.

Тој појасни дека стручните лица при оваа организациона единица направиле проценка за потребата од обновување на дрворедите во градот и соодветна заштита и поткастрување на стари насади кои редовно се контролираат, со цел да не направат материјална штета или при евентуално паѓање да не повредат минувачи.

  • Справувањето со загадувањето и последиците од него е најефикасно преку ширењето на еколошката култура и бројот на садници кои даваат кислород и прават сенки во лето - рече Поп Ицов.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија