mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Јапонија ни помага да спречуваме шумски пожари

Јапонија ни помага да спречуваме шумски пожари

Типографија

Успешно реализирани цели и содржини наменети за намалување на ризици од пожари денеска беа потврдени на завршната активност од втората и последна обука на техничко ниво од проектот „Интегриран систем за превенција и рано предупредување на шумски пожари“ во организација на Јапонската агенција за меѓународна соработка и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Директорот на ЦУК Агрон Буџаку во својот завршен говор информира дека на работилницата на која присуствуваа претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора биле презентирани анализите на моменталната состојба во секторите од секоја земја посебно.

  • Ние сме целосно уверени дека овие анализи ќе претставуваат појдовна основа за можноста секоја од земјите учеснички понатаму да ја имплементираат методологијата на која се темели MKFFIS, или дел од неа - истакна Буџаку.

Нагласи дека е уверен оти земјите учеснички на денешниот настан ќе воспостават одреден модел на информациски систем за шумски пожари инспириран од македонскиот систем.

Според советникот за формирање на програми од јапоснката агенција за меѓународна соработка Џун Хирашима, спроведувањето на акциските планови предложени на оваа тридневна обука на трети земји е многу важна во превенцијата на природните катастрофи.

  • Верувам дека во следниот период сето тоа ќе се спроведува на најдобар можен начин заедно со вашата соработка, со цел да помогнеме во справувањето со шумските пожари - рече Хирашима.

Во текот на работилница беа презентирани анализите на моменталните состојби во сите вклучени сектори од секоја земја посебно. Овие анализи ќе претставуваат појдовна основа за можноста секоја од овие земји понатаму да ја имплементира методологијата на која се темели MKFFIS, или дел од неа и да се воспостави симплифициран модел на информациски систем за шумски пожари кој би бил инспириран од македонсикот систем.

До крајот на програмата ќе биде изготвен завршен извештај кој ќе вклучува евалуација на успешноста, како и препораки за идни можности.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија