mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Енергетската ефикасност двигател на економскиот развој

Енергетската ефикасност двигател на економскиот развој

Типографија

Оптималното искористување на ресурсите и на енергијата во домовите и работните средини веќе не е луксуз и привилегија, туку услов што треба да обезбеди подобра иднина.

Ова е мислењето на градежните фирми кои учествуваат на Саемот за градежништво. Според директорот на Агенција за енергетика, Александар Дуковски, енергетската ефикасност е прво гориво за економскиот развој на Македонија, но и за зачувување на животната средина

  • Вкупно 40 отсто од енергетските потреби се за задоволување на домаќинствата, што покажува дека има голем потенцијал за намалување на потрошувачката - вели Дуковски.

Во последните три години се донесени неколку клучни измени во законите за градење и за енергетиката, а донесени се, рече Дуковски, и правилници кои подетално го регулираат секторот енергетска ефикасност во градежништвото и ја поставуваат обврската таа да биде составен дел од секој објект што се гради во земјава.

  • Енергетските контролори кои беа обучувани во изминатиот период, активно работат на енергетски пасоши, редовно вршат контроли и даваат препораки за заштеда на енергијата во домовите. Неизоставен дел се и инженерските и градежните компании кои преку воведување нови технологии и подобрување на квалитетот на градбата, овозможуваат намалена потрошувачка на енергија - додава директорот.

Осврнувајќи се на фактот дека со енергетски ефикасните решенија се овозможува почиста животна средина, потсети на зголеменото загадување зимава.

  • Искористувањето на енергијата значително влијае и врз состојбата на животната средина. Тоа се виде и оваа зима, кога токму искористувањето на енергијата за загревање на домовите, резултираше со зголемено загадување на водухот - напомена Дуковски и заклучи дека за одржлив развој и чиста животна средина се неопходни заеднички заложби на секое ниво, национално, локално и индивидуално.

Промоцијата на енергетската ефикасност е поддржано од Швајцарската амбасада во Македонија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability).

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија