mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Делчево и Благоевград со проект за енергетско ефикасно осветлување

Делчево и Благоевград со проект за енергетско ефикасно осветлување

Типографија

Општините Делчево и Благоевград од Бугарија ќе штедат енергија со инсталација на ЛЕД светилки преку проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево” поддржан од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Проектот почна да се реализира денеска со првата прес-конференција на која координаторот на проектот Тони Стоименовски од општина Делчево истакна дека општините ќе штедат и енергија и средства.

  • Делчево со реализацијата на проектот ќе добие нови 760 светилки кои ќе бидат поставени во седум села и централното градско подрачје, а се планира заштеда од 60 отсто на финансиите кои сега се даваат за јавно осветлување. Тоа значи заштеда на буџетот, но и заштеда на работна сила и материјали. Ќе имаме ефикасно осветлување, односно ќе се намали бројот на граѓаните кои ќе бараат менување на светилките, бидејќи се работи за квалитетни светилки од европски производител, каде стартната гаранција е пет години, а во пракса е покажано дека нивната употреба е до 50 илјади часа што значи 10 години - вели Тони Стоименовски од општина Делчево.

Овој проект е петти по ред кој Делчево и Благоевград го работат заедно. Атанас Камбитов, градоначалник на Благоевград истакна дека проектот е многу значаен за двете општини чија соработка изминативе години овозможи реализација на низа инфратсруктурни потреби на граѓаните од двете соседни општини.

- Овој проект беше пласиран на прво место од вкупно 213 проекти што зборува за административниот капацитет на овие две општини. Тој е дел од еден поголем проект што го реализира општина Благоевград во вредност од три милиони евра. Конкретно за овој проект зборуваме за четири села кои се гранични села со Македонија, каде ќе се изгради современо лед осветлување - рече Камбитов.

За градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански со реализацијата на овој проект се решава горливото прашање за јавно осветлување на селските населби во општината од збиен тип.

  • Делчево досега во централното градско подрачје има поставено околу 300 ЛЕД светилки. ЛЕД диодите значат заштеда на енергија. Ние сето тоа и сега го чувствуваме и се одразува на сметките кои доаѓаат во намален обем. Но, со поставувањето на лед светилките ќе овозможиме дополнителни нови сијалични места на граѓаните. Пред четири години имаше 1.050 сијалични места сега има 1.350 - вели Шехтански.

За Проектот двете општини од ИПА програмата добиле 400 илјади евра, а ќе се рализира до 2018 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија