mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Реката Брегалница порибена со крап

Реката Брегалница порибена со крап

Типографија

Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Брегалница“ од Штип изврши порибување на реката Брегалница со сто килограми крап.

Секретарот на ЗСР „Брегалница“, Благој Димитров вели дека риболовците порибувањето го извршиле на локацијата Калимерово, под мостот на реката Брегалница во близина на бањата „Кежовица“.

  • Извршено е порибување на Брегалница, согласно риболовната основа, концесија и договор за порибување. Риболовниот материјал е од „Акватика“-Неготино и имаме околу сто килограми крап со тежина од 100 грама по парче - рече Димитров.

Тој апелира во наредните десет дена риболовците да се воздржат од рибарење по течението на реката Брегалница. Според Димитров намалениот водостој во овој период не се одразува врз рибниот фонд, а засега единствен проблем им е загадувањето на реката.

Рибочуварската служба на ЗСР „Брегалница“-Штип е постојано на терен, со што, вели тој, рибокрадството е намалено.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија