mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Деца од штипска градинка се вклучија во проект за собирање отпадни батерии

Деца од штипска градинка се вклучија во проект за собирање отпадни батерии

Типографија

Децата од детската градинка „Вера Циривири-Трена“ од Штип се вклучија во еколошкиот проект за собирање отпадни батерии и отпаден електричен материјал на тема „Каде е моето место“.

Проектот го реализираат општина Штип и Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“. Директорот на градинката Трајан Коцев вели дека по повод Денот на батериите 18 Февруари вработените, децата и нивните родители имале заедничка акција за собирање отпадни батерии, а денеска имаат приредба во рамките на овој еколошки проект.

  • Целта е постигната и можеме да видиме дека во големи колични е собран електронски отпад и да се заблогодарм на родителите и на вработените за вложениот труд - вели Коцев.

Александра Пановска - Илиевска од Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ вели дека децата се оние преку кои што пораката за оваа еколошка акција се пренела до родителите.

  • Нагласувам дека акцијата е покрената по повод 18 февруари - Денот на батериите, а ќе трае еден месец во склоп на самата градинка. Ги поттикнувам родителите кои не стигнаа во текот на оваа недела, до крајот на месецот можат да пријават дури и габаритни уреди, кои ние потоа бесплатно ќе им ги превземеме од дома. Сепак да не ја претвораме граднката во место каде што ќе се собира овој опасен отпад даваме иницијатива само да се даде контакт телефон до одговорните лица со сите градинки - вели Пановска-Илиевска.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија