mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

ЕУ во контрола на еколошките проекти во Струмица

ЕУ во контрола на еколошките проекти во Струмица

Типографија

Евроамбасадорот Самоел Жбогар во рамки на проектот „ЕУ за тебе" ја посети општина Струмица, а акцентот беше на еколошките проекти. Жбогар Ја посети пречистителната станица за третман на отпадни води, еден од најкрупните проекти финансирани од ЕУ со повеќе од пет милиони евра.

  • ЕУ и Струмица имаат долгогодишна успешна соработка. Слушнав дека заштитата на животната средина е во фокусот на работата на општината преку гасификацијата, промоцијата на фотоволтаични системи и ред други обновливи извори на енергија. Со изградбата на пречистителната станица ќе се исчисти и реката Струмица, а се запознав дека општината се грижи и за речното корито на друга река и за изградба на депонија - вели Жбогар.

Тој очекува реализацијата на овие проекти да бидат охрабрување за понатамошна соработка и реализација на нови проекти.

Вршителот на должноста градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов рече дека во моментов во Струмица се реализираат два крупни проекти за заштита на животната средина.

  • Изградбата на пречистителната станица и изградбата на канализациона мрежа за населените места Просениково, Дабиле и Добрејци се два големи проекти кои ги реализираме во моментов со финансиска помош од ЕУ. Во последните 10 години преку КАРДС и ИПА програмата Струмица има искористено 12 милиони евра пари на Унијата за реализација на 13 проекти. Со учество на општината со буџетски средства вредноста на овие проекти е многу поголема - вели Костадинов.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија