mksqen
17
Пет, Сеп
0 Нови / 7 дена

Волонтери ја чистеа локацијата Рамне во Охрид

Волонтери ја чистеа локацијата Рамне во Охрид

Типографија

Волонтери заедно со екипата на Чист Охрид ја чистеа локацијата Рамне.

Од местото се собрани голем број пластични шишиња, делови од WC школки, искршени пластични столици, стаклени тегли, градежен шут, најлонски кеси, како и еден двосед. Најлошиот дел според кажувањата на волонтерите било тоа што на локацијата нашле голем број употребени шприцови и игли, како и голем број употребени презервативи. Главната причина за ова, освен недостигот на свест кај граѓаните, секако е и зафрленоста на локацијата, која очигледно се користи како депонија.

Волонтерите собрале неколку вреќи ѓубре, но сепак на локацијата имало огромна количина отпад и поради тоа од Чист Охрид велат дека нивните екипи ќе работат на оваа локација подолг период со цел отпадот да биде отстранет. Медицинскиот отпад што е собран бил соодветно складиран во контејнер за медицински отпад.
Од Чист Охрид апелираат до надлежните да ги ангажираат сите достапни капацитети за отпадот на оваа локација да биде целосно отстранет.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија