mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Охридско Езеро се зголемува, водотеците се намалуваат

Охридско Езеро се зголемува, водотеците се намалуваат

Типографија

Нивото на Охридското Езеро е за еден сантиметар под дозволениот минимум, соопштуваат од УХМР.

Управата информира дека водотеците имаат тренд на намалување и предупредува на внимателно движење покрај нив.

Неделната хидролошка анализа покажува дека нивото на реката Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес било повисоко од просекот за овој период во годината, додека на Вардар кај Демир Капија и на останатите реки, Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница варира.

Водостојот на Црн Дрим, пак, од понеделник до петок се движел меѓу 18 и 33 сантиметри што е драстично под просекот кој изнесува 123 сантиметри.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија