mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Од утре потопло време и топење на снежната покривка

Од утре потопло време и топење на снежната покривка

Типографија

За викендот не очекува топло време со температура до 14 степени. УХМР најавува пораст на температурата и топење на снежната покривка, а нов влажен бран се очекува од понеделник кон крајот на денот.

Утре и во петок ќе има слаб локален дожд во крајните западни делови. Во сабота и недела на повеќе места ќе има повремен дожд со слаб, а во западните делови и со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Утре дневната температура ќе се движи од 3 до 11 степени, во петок од 6 до 13, сабота 7 до 14, недела 6 до 13, понеделник 6 до 12 и во вторник од 3 до 9 степени Целзиусови.

Минималната ќе се движи утре од минус 6 до 1, во петок минус 2 до 4, сабота минус 4 до 4, недела од 1 до 6, понеделник од минус 1 до 5 и во вторник од 2 до шест степени.

Снег на Маврово има 63 сантиметри, Ѓуриште 40, Пожаране 39, Лазарополе 36, Крушево 26, Тетово и Берово 19, Битола 17, Скопје 15, Демир Капија 12, Струмица 10, Крива Паланка пет и Тополчани три сантиметри.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија