mksqen
18
Саб, Сеп
0 Нови / 7 дена

Југохром затворен уште дополнителни 90 дена

Југохром затворен уште дополнителни 90 дена

Типографија

Министерството за животна средина и просторно планирање, односно Државниот инспекторат за животна средина, согласно Законот за животна средина, донесе Решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот Југохром за дополнителни 90 дена.

Одлуката, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, е донесена по извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина при што е констатирано дека комбинатот Југохром не ги исполнил активностите предвидени во Оперативниот план, меѓу кои се предвидува и поставување на системот за отпрашување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија