mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Кривопаланечките планинари лани реализирале 40 акции

Кривопаланечките планинари лани реализирале 40 акции

Типографија

Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка прослави две години постоење во кои се реализирани осумдесетина планинарски акции.

Од овие акции осум се меѓународни, а останатите организирани од страна на ова здружение, но и учества на акции согласно годишниот календар на Федерација на планинарски спортови на Македонија.

Оценувајќи ја 2016 година како успешна и година на значаен напредок во релативно младото здружение за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка, одговорните оттаму информираа дека лани се реализирани 40 планинарски акции од кои четири со интернационален предзнак.

  • Минатата година беше година на раст, година во која ја проширивме соработката со бројни планинарски друштва од земјава и странство. Оттаму и бројката на завршени четириесет акции за планинарење, а од нив, четири меѓународни. Тоа се седум дена на планина Рила во Бугарија, каде беше реализирана и акцијата седум Рилски езера, се искачивме на највисокиот врв на Балканскиот полуостров, Мусала, висок 2.925 метри и на Бесна Кобила во Србија - информира Теодор Јовановски до ЗПЗП „Калин Камен“.

Здружението брои шеесет активни членови. Веќе е реализирана првата акција годинава, до Станци, со посета на атрактивните Станечки Водопади, а претстојниот викенд се организира зимско искачување на врв Чупино Брдо.

  • Чупино Брдо се наоѓа на Осоговските Планини, на 1.700 метри надморска височина. Стартот на акцијата е плоштадот во Крива Паланка, оттаму ќе се упатиме кон село Луке од каде што официјално почнува акцијата за искачување на врвот каде што треба да пристигнеме до пладне. Она што е потребно е опрема за планинарење во зимски услови и доволно течности - додава Јовановски.

Според годишниот план за 2017 планирано е да бидат реализирани 35 акции.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија