mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

МЖСПП предлага пар-непар за намалување на загадувањето

МЖСПП предлага пар-непар за намалување на загадувањето

Типографија

Воведување сообраќаен режим пар-непар, односно предлог за измена на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Владата да ги задолжи сите државни и јавни институции и да им препорача на локалните самоуправи за 50 отсто да го намалат користењето на службените возила.

Ова се мерките кои ги предлага Министерството за животна средина и просторно планирање до Владата за намалување на загадувањето.

Како што соопшти  Министерството за животна средина и просторно планирање, ресорниот министер  Башким Амети се сретнал со  претставници на граѓанските здруженија и дискутирале за актуелните проблеми со квалитетот на амбиенталниот воздух и за предлог-мерките за намалување на аеро-загадувањето.

  • Целта на оваа средба беше преку неформален дијалог со претставниците на невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика да се разгледаат и продискутираат конкретни, применливи мерки кои во краток временски период ќе дадат видливи резултати во намалување на загадувањето на воздухот - се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија