mksqen
27
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Апели да не се палат коледарски огнови поради загадувањето

Апели да не се палат коледарски огнови поради загадувањето

Типографија

„Не палете коледарски огнови, воздухот е загаден“, се порачува во апелите што граѓаните ги споделуваат на социјалните мрежи во пресрет на исполнувањето на овој обичај на 5 јануари.

Големите огнови што се палат во сите градови во Македонија, според едни верувања, го симболизираат затоплувањето на пештерата во која се родил Исус, додека според други, станува збор за многу постар обичај што настанал уште пред Христијанството. Но секоја година илјадници граѓани се собираат околу стотиците огнови, кои горат во речиси секоја населба во најголемите и најзагадени градови во земјата. За некои од нив се трошат и по повеќе кубни метри дрва за една вечер.

  • Во период на енормно загадување, сигурни сме дека Исус не би одобрил палење бадникови огнови. Впрочем и самиот обичај не е христијански, туку пагански. Бидете разумни, не палете бадникови огнови, поминете го Бадник со семејството, заштитете ги децата - се вели во апелите.

Наспроти овие апели, се јавуваат и мислења дека традицијата треба да се почитува и дека дополнителното загадување што го прават овие огнови е занемарливо. Други, пак, сметаат дека коледарските огнови треба да се откажат пред се како симболичен чин.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија