mksqen
22
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Да се чистат оџаците апелираат пожарникарите од Делчево и Берово

Да се чистат оџаците апелираат пожарникарите од Делчево и Берово

Типографија

Од делчевската Територијална против пожарна единица ТППЕ апелираат граѓаните редовно да ги чистат оџаците, бидејќи во овој период најголема опасност по безбедноста на имотот и животот на граѓаните доаѓа од запалените оџаци.

Оџаците доколку не се чистат редовно, претставуваат опасност по имотот и животот на граѓаните.

Пожарите на оџаците најчесто се случуваат во ноќните часови кога и температурите се пониски, па полесно се палат саѓите и доаѓа до пукање на ѕидовите што е опасно и поради навлегување чад , односно јаглерод моноксид кој може да доведе до гушење, велат од Противпожарната единица.

Во Делчево 90 проценти од населението се затоплува со огревно дрво, а тоа е практика и во колективните згради за домување.

Беровските пожарникари пред една недела ганселе и шумски пожар на месноста Петлец, каде била опожарена површина од 10 хектари на сува трева, нискостеблеста шума и бор.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија