mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Снег на планините и пониски температури

Снег на планините и пониски температури

Типографија

Повеќе врнежи од дожд и снег во западна Македонија и формирање снежна покривка на планините се очекуваат во следниве денови, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Снег ќе има и на некои повисоки места, над 600 метри надморска височина.

Според УХМР, поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.

Денеска и утре ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините, а кој повремено ќе биде со брзина од околу 100 километри на час. Дневната температура значително ќе опадне, а  најниска ќе биде во четврток и во петок кога на повеќе места ќе се задржи негативна.

Од петок следува постепено разведрување, за време на викендот времето ќе биде сончево, а за новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под минис 10 степени, информира УХМР.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија