mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Јавна осуда за позирањето со убиени птици-грабливки

Јавна осуда за позирањето со убиени птици-грабливки

Типографија

Жестоки реакции предизвика фотографијата објавена од група ловџии на фејсбук, на која тие позираат со четири убиени птици-грабливки во рацете, а уште неколку птици лежат мртви покрај нив.

Фотографијата беше споделена на фејсбук-страницата на Македонското здружение за заштита на бувовите и предизвика низа коментари во кои се осудува овој чин. За само неколку часа беше споделена над 150 пати. Во објавата се вели дека е фотографирана меѓу Тетово и Гостивар.

  • Кои се овие монструми ? Дали се свесни што направија? Ќе ве молам да ни помогнете да ги пронајдеме монструмиве. Мора да бидат казнети. Ќе ве молам ако некој знае нешто за нив, кои се и од каде, нека ни пише во пораки - порачаа од здружението.

Оттаму додаваат дека станува збор претежно за јастреби-глувчари, но дека е можно да има и други птици. Убиени биле повеќе од 15 единки. Птиците се заштитени со закон, случајот е пријавен, и од здружението се надеваат дека сторителите ќе добијат најстроги казни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија