mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Само во Дојран над нулата утрово

Типографија

Во Берово утрово беа измерени минус  11 степени, во  Штип, Демир Капија и во Струмица минус 8, во Битола минус 7, во Скопје, Дебар, Тетово и во Крива Паланка минус 6, во Прилеп и во Куманово минус 5, во Лазарополе, Виница и во Маврово минус 4, во Претор и во Охрид минус 3, во Гевгелија минус 2, Пожаране и Ѓуриште минус 1, во Тополчани и во Крушево 0 и во Дојран 1 степен.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро и претежно тивко. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температура ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, односно ќе преовладува умерено, наместа значително облачно со услови за изолирана појава на краткотраен слаб дожд, а на планините ќе има услови за провејување на слаб снег, соопшти УХМР.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија