mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Проектот за развој на еколошкото истражувачко новинарство претставен на ФОН

Проектот за развој на еколошкото истражувачко новинарство претставен на ФОН

Типографија

Во рамките на националната кампања за промоција на еколошкото истражувачко новинарство, Проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ одржа јавна трибина во просториите на Универзитетот ФОН.

Проектниот менаџер Кирил Ристовски го презентираше проектот и досега спроведените активности, како и нивната улогата и влијание врз медиумите, граѓанскиот сектор и граѓанските организации. На трибината учествуваа професорите, управата и студентите на универзитетот ФОН кои дискутираа за степенот на усогласување на домашната легислатива со Европската и говореа за влијанието на истражувачкото новинарствово владењето на правото и креирањето на политиките. Исто така, тема на трибината беа и предизвиците и бариерите за примена на истражувачкото новинарство и за тоа колкава е застапеноста на темите од животната средина во медиумите. Студентите од Универзитетот активно се вклучија во дискусијата за значењето и нивната инволвираност во креирањето на општествени промени кога станува збор за загадувањето во Македонија и заштитата на животната средина. Покрај проектниот менаџер, свои излагања имаа ректрот на универзитетот Проф. Нано Ружин, Гоце Трпковски новинар во Нова Македонија и Томислав Кежаровски независен истражувачки новинар.

На присутните им беа поделени документите што произлегоа од досегашното спроведување на проектот, како Анализата на состојбите во животната средина, Прирачникот за развој на комуникациските вештини и Прирачникот за истражувачко новинарство.

Спроведувањето на националната кампања ќе продолжи во наредниот период со организирање на слични настани во градовите Тетово, Штип и Струмица.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија