mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Сончев ден со температура до 18 степени

Сончев ден со температура до 18 степени

Типографија

Времето во Македонија ќе биде сончево, во јужните и југозападните делови ќе има мала до умерена облачност и слаб северен ветер.

Претпладне по некои котлини ќе има слаба магла. Минималната температура ќе изнесува минус шест степени, а дневната ќе достигне до 18 степени целзиусови.

Во Скопје слично време со температура до 11 степени.

Во понеделник и вторник ќе има продор на студена воздушна маса што ќе услови засилен северен ветер, на места провејување на слаб снег и позначително опаѓање на температурата.

Во понеделник максималната температура ќе се движи од 6 до 12, а од вторник до четврток од 2 до 9 степени. Утринските температури во понеделник и вторник ќе се движат од -4 до 4 степени, а потоа поради разведрувањето ќе опаднат и ќе бидат во интервала од -9 до 0 степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија