mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Од понеделник заладување и слаб снег

Од понеделник заладување и слаб снег

Типографија

Пад на температурите и слаб снег најавуваат метеоролозите од понеделник и вторник.

Од УХМР информираат дека студена воздушна маса од север ќе услови засилен северен ветер, особено од понеделник попладне. На места ќе провејува слаб снег, а дневната температура од вторник значително ќе опадне.

Во понеделник максималната температура ќе се движи од 6 до 12, а од вторник до четврток од 2 до 9 степени. Утринските температури во понеделник и вторник ќе се движат од минус 4 до 4 степени, а потоа поради разведрувањето ќе опаднат и ќе бидат во интервала од  минус 9 до 0 степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија