mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Од идната година 80 отсто поврат на инвестициите за капка по капка и за расни грла

Од идната година 80 отсто поврат на инвестициите за капка по капка и за расни грла

Типографија

Од идната година 80 отсто поврат на инвестициите за воведување системи за наводнување „капка по капка“, но и на средствата за набавка на расни грла добиток, предвидуваат мерките на  Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ).

Овие и останатите поволности што се дел од Програмата на Агенцијата за 2017 година им беа презентирани на  земјоделците и сопствениците на земјоделските стопанства во општина Ранковце.

  • Ќе имаме повраток од 80 отсто на средствата за инсталирање систем капка по капка со бушотина. Ако инвестира земјоделецот околу 1.000 евра, дури 800 ќе му бидат вратени, што значи за само 200 евра ќе го воведат системот. Исто така повраток од 80 проценти ќе имаат и сточарите за набавка на расни грла добиток, до приложен родовник и сертификат за набавка од правен субјект - вели директорот на АПРЗ  Игор Златков.

Програмата Ипард 2, пак, додаде, од февруари идната година ќе овозможи 60 до 75 отсто  поврат на инвестициите, а Националната програма за рурален развој предвидува поволности за обнова на механизацијата и вложување во земјоделските стопанства.

  • Во мерката 112 имаме неповратни 600.000 денари кои доколку се инвестираат во земјделско стопанство,с ите ќе му бидат вратени, додека со мерката 121.5 за обнова на механизација имаме поврат од 60 до 75 проценти и тоа зависно од тоа дали е развиено или неразвиено рурално подрачје - информира Златков .

Тој им препорача на стопанствата и земјоделците од село Опила и општина Ранковце да се обратат до подрачната канцеларија на АПРЗ во Ранковце и Крива Планака за сите новитети во аграрот, за новите мерки, како и за подготовка на технички предлог-проекти кои бесплатно се изготвуваат и се доставуваат до Платежната агенција.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија