mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Претпријатијата имаат голем потенцијал за енергетска ефикасност

Претпријатијата имаат голем потенцијал за енергетска ефикасност

Типографија

Малите и средните претпријатија се  големи потрошувачи на електрична енергија, но имаат голем потенцијал за заштеда. Преку мерки за енергетска ефикасност може да се постигне заштеда до 40 отсто.

Ова е резултатот од кампањата за Развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство што го спроведе Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ со поддршка на Министерството за економија. Во проектот, како што посочуваат учествувале Свислион Агроплод, ПИ Свисслион, Дрога Колинска, Раде Кончар, ДЕ Јуре, Фротирка компани, ДХЅ Арка, ЈПКД Огражден, Електро Шарри и Унипалас.

  • Нема компанија во која не може да се спроведат мерки за заштеда на енергијата. Во сите компании најдовме можност за штедење. Има мерки кои се евтини, кои се организациски, кои зависат од луѓето. На сите препорачавме да воведат мерење на потрошувачката на енергија и има и доста повисоки инвестициски мерки. И сите носат заштеда што значи поголема конкуренција на пазарот - вели Јасмина Димитрова Капац, раководител на кампањата ЕКОС.

Таа додаде дека расте свеста кај компаниите за заштеда на енергијата и оти тие имаат тенденција да го зголемат производството, што значи не можат да намалат на суровина и една од можностите е да намалат на трошоците на енергија.

  • Тука има многу голем потенцијал без да се наштети на производството - истакнува Димитрова Капац, додавајќи дека заштедата е од 10 до 30 отсто.

Сашко Данев од Фротирка, една од компаниите учеснички во кампањата, потенцира дека со преземените мерки кај нив заштедата е достигната до 40 проценти и повратена е инвестицијата од 30.000 евра.

Исмаил Нума, од Министерството за економија, посочи дека тие интензивно работат на енергетската ефикасност, но и на подигнување на свеста и кај домаќинствата и кај малите и средните претпријатија.

Тој најави дека и во иднина ќе се продолжи со различни активности.

Кампањата е спроведена од јуни до ноември оваа година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија