mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Акумулациите на Црн Дрим подготвени да прифатат обилни дождови

Акумулациите на Црн Дрим подготвени да прифатат обилни дождови

Типографија

Акумулациите по течението на реката Црн Дрим се подготвени да ги прифатат водите од дождовите во наредниот период, оцени директорот на ХЕЦ „Црн Дрим“ Тони Маркоски.

Нивото на акумулациите, според него, е во рамките на просечното за овој период на годината.

  • Тоа е посебно важно за Охридското Езеро за да не дојде до несакани поплави. Квотата на Езерото треба да биде како што е во моментот 693 метри и 32 сантиметри. Може да очекуваме дожд, спремни сме за максимални водотеци на ова подрачје да ги прифатиме без последици по населението - истакнува Маркоски.

Тој потсети на дотокот на водата од реката Радика кој пред две - три недели однесе големи количини отпад во Дебарското Езеро и предизвика еколошка катастрофа.

  • Пред две -три недели имаше поголеми дотеци од реката Радика и донесоа екстремно голема количина вода за само неколку дена. Водата низ речното корито понесе се што најде, дрва, комунален отпад. Направи штети во Дебарското Езеро, го наполни со отпад кој организирано со локалната самоуправа треба да го отстраниме - додава Маркоски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија