mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

УХМР: Блага зима со повисоки температури и повеќе врнежи од просекот

УХМР: Блага зима со повисоки температури и повеќе врнежи од просекот

Типографија

Блага зима со поголема веројатност за повисоки температури и повеќе врнежи од просекот не очекува годинава, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Предвидувањата за климатските изгледи за зимата 2016/2017 се базираат на динамички модели, статистички модели и телеконекции на климатски карактеристики од поголеми размери. Моменталните анализи на движечките фактори преточени преку голем број на глобални компјутерски модели за предвидување го покажуваат најверојатното климатско сценарио за оваа зима, односно блага зима со поголема веројатност за позитивни отстапувања на температурата и врнежите.

Температурниот режим за ова тримесечје се очекува да има позитивно отстапување од многугодишниот просек 1981-2010 година, но сепак помало во однос на минатата зима. Променливиот режим на врнежите секогаш има поголеми несигурности за предвидување, а за оваа зима се очекува благ пораст на количините. Во овој период постои поголема веројатност за појава на краткотрајни продори на студен континентален воздух, како и поголема веројатност за појава на интензивни и краткотрајни врнежи.

УХМР напоменува дека сезонската тримесечна прогноза не може да обезбеди детални информации за интензивни краткотрајни временски неприлики како зимски олуји, екстремно студени периоди, екстремно влажни. За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија