mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

ДОМ предлага мерки против загадувањето на воздухот

ДОМ предлага мерки против загадувањето на воздухот

Типографија

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) реагира на загадувањето на воздухот во градовите и предлага неколку итни мерки.

ДОМ предлага удвоена контрола на инспекторите за животна средина за средните и малите индустриски загадувачи, стимулирање на јавниот превоз со повеќе еколошки автобуси, забрана за возила под 4 ЕУ стандард во градскиот сообраќај, рестрикција пар-непар за другите возила и забрана за влез на тешки возила во градот.

Дел од итните мерки се и зелена зона за пешаци и велосипедисти во центарот, стопирање на градежните активности и сечата на зеленило, масовно миење на улиците со техничка вода или со средства што ги таложат честичките, итна набавка на прочистувачи на воздухот кои се применуваат во многу светски градови и масовни субвенции за печки и квалитетни горива за домаќинствата.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија