mksqen
20
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Почнува кампањата за промоција на еколошкото истражувачко новинарство

Почнува кампањата за промоција на еколошкото истражувачко новинарство

Типографија

Денеска во Битола почнува кампањата за промоција на еколошкото истражувачко новинарство.

Промотивниот настан почнува во 11.30 часот на плоштадот Магнолија.Во рамките на првиот промотивен настан, ќе бидат спроведени повеќе активности кои ќе имаат за цел да анимираат и информираат поширока група на граѓани во Пелагонискиот плански регион. Имено, покрај дисеминацијата на летоците на јавните места во градот, во рамките на настанот ќе се одржи и трибина на Универзитетот Свети Климент Охридски на тема „Улогата на истражувачкото новинарство во владеењето на правото и креирањето на јавните политики“.

По завршувањето на трибината, претставницните на проектот ќе имаат гостување на локалното радио УКЛО ФМ, како и на локалната телевизија ТВ Орбис. Кампањата се организира со цел информирање на пошироката јавност и општествените чинители за улогата и влијанието на еколошкото истражувачко новинарство во креирањето и спроведувањето на јавните политики за животната средина и да укаже на потребата од поголемо вклучување на јавноста во процесите на донесување на одлуки.

Кампањата предвидува ораганизација на серија јавни настани во наредните пет месеци во Скопје, Штип, Струмица, Тетово и Битола.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија