Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала е почувствуван во југоисточна Македонија.
Земјотресот бил 12 минути после полноќ со епицентар на околу 38 километри северно од Солун, на длабочина од 10 километри под површината на земјата. Во Гевгелија, Струмица и Богданци земјотресот е почувствуван со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.
Вториот земјотрес бил почувствуван изутрината во 02. 44 часот и исто така е со епицентар во Грција, а бил со магнитуда од три степени според Рихтеровата скала. И овој земјотрес бил почувствуван во јужните делови на Македонија.