mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Ќе се регулира речното корито на Луда Мара

Ќе се регулира речното корито на Луда Мара

Типографија

Ќе се регулира речното корито на реката Луда Мара во Кавадарци од поранешната фабрика „Таска“ до мостот во урбана заедница „Слога“.

Ваква одлука беше донесена на седница на кавадаречкиот општински Совет.

Проектот ќе го реализира локалната самоуправа која е кофинансиер на овој проект, а кој ќе се реализира заедно со Бирото за регионален развој на Македонија.

  • Вкупната вредност на проектот „Реконструкција на регулирано речно корито на река Луда Мара со партерно и урбано уредување" изнесува 14.421.093 денари. Од нив, 9 милиони денари ќе се обезбедат од Бирото, а остатокот од општината - вели Зоран Јованчев, претседател на комисијата за финансии и буџет.

Финансиските средства од локалниот буџет за 2017 година најпрво ќе бидат трансферирани до Вардарскиот плански регион како носител на проектот, врз основа на претходно изготвен договор за кофинансирање. Вардарскиот плански регион ќе ја изготви апликативната форма во соработка со општина Кавадарци и ќе аплицира по јавниот повик за финансирање на проекти за развој на планските региони.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија