mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Исчистени 53 километри од каналската мрежа во општината Илинден

Исчистени 53 километри од каналската мрежа во општината Илинден

Типографија

Од почетокот на годинава досега се исчистени 53 километри од каналската мрежа во општината Илинден, што е за седум километри повеќе од планираните 46 за годинава, соопштија локалните власти.

Како што додаваат оттаму, овие активности се во рамките на редовните активности за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали.

Како што информира општина Илинден, со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа, во координација со АД Водостопанство на Република Македонија „Скопско поле“ и ЈКП „Илинден“ континуирано се врши машински и рачно чистење на отворените одводни канали на територија на општината, во должина од 120 километри.

Во рамки на реализацијата на Акцискиот план за чистење на каналската мрежа за 2016 година извршено е рачно чистење на главниот канал во локалната економска зона Марино-Кадино во должина од 700 метри. Во тек е рачно чистење на секундарен канал Азмак во населеното место Кадино и Мралино, во должина од 2.000 метри.

  • Поради рамничарскиот терен на кој се наоѓа општината, доаѓа до постојано покачување на нивото на подземните води, па затоа со редовното одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се влијае во подобрувањето на животната средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението - велат од општината Илинден.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија