mksqen
27
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Кривични пријави за две лица што се сликале со ендемичен орел

Кривични пријави за две лица што се сликале со ендемичен орел

Типографија

СВР Битола поднело две кривични пријави за битолчаните Н.С. (40) и Г.М. (39) за мачење животни.

Првоосомничениот Н.С., откако фатил орел златен сури, го однел во дворот на семејната куќа, го врзал со јаже и на таков начин го изложил на непотребни маки и му нанел непотребни болки. Наредниот ден двајцата битолчани насилно му ги рашириле крилјата на орелот и се фотографирале со него, а потоа и ги објавиле сликите на социјалната мрежа Фејсбук, информираат од МВР.

Овој вид орел, познат како златен сури, е заштитен затоа што е пред целосно исчезнување на територијата на Македонија. Први по настанот реагираа од македонското здружение за заштита на бувови МОТ, а веста веднаш се рашири по социјалните мрежи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија