mksqen
20
Сре, Окт
0 Нови / 7 дена

Се гради водоводна мрежа во општина Чешиново – Облешево

Се гради водоводна мрежа во општина Чешиново – Облешево

Типографија

Почна изградбата на водоводната мрежа во Општина Чешиново-Облешево, со што чиста вода за пиење ќе добијат и населбите Чифлик и Уларци.

Финансиската конструкција за реализација на проектот изнесува 15 милиони денари, средства обезбедени со кредит од Светска банка. Од оваа мерка, истакна  Костадин Личков, градоначалник на Општина Чешиново – Облешево, општината ќе добие и грант по што со водоводна мрежа ќе бидат покриени и другите населени места.

  • Ова беше една од најболните точки на општината Чешиново – Облешево бидејќи секоја куќа имаше сопствен бунар но добро знаеме што се случуваше во поплавите и во овие населени места водата не беше за пиење така што најгорливиот проблем на овие жители ќе го решиме со изградбата на водоводната мрежа -  појаснува градоначалникот Личков.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија